За евентуална поддршка на кандидати од ДУИ или Левица, посочи дека разговорите се во тек и се водат не само за Кичево и Брвеница, туку и за други општини, како Скопје, Карпош и Куманово
Конечната одлука кого Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) ќе поддржи во вториот круг во општините каде нема свој кандидат за градоначалник ќе биде донесена во следните денови. Ова денеска од скопски Аеродром го соопшти лидерот на опозцискиот СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања, кого партијата ќе поддржи во Кичево и Брвеница, односно дали тоа ќе бидат кандидатите на Левица или на Демократската унија за интееграција (ДУИ).

„Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда. Одлуката ќе се темели на локалнитее околности, анализите на општинските организации и расположението на членството“,
кажа тој.
За евентуална поддршка на кандидати од ДУИ или Левица, посочи дека разговорите се во тек и се водат не само за Кичево и Брвеница, туку и за други општини, како Скопје, Карпош и Куманово.
Според него, поддршката нема да се заснова на етничка припадност, туку на политички ставови и вредности.
„Мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите меѓуетнички односи се нешто што мора да остане приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но кај нас тоа нема да биде критериум. Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда, кој ќе се темели на карактееристиките на нашите општински организации, расположението на членството и афинитетите на луѓето што се на терен“,
вели Филипче.
Лидерот на опозицијата денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршување на вториот круг од локалните избори.
Според него, тоа се должи на резултатот на изборите во првиот круг, особено во некои скопски општини.
Посочи дека во општините каде имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, се соочувале со притосоци пред гласањето, и тоа во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, а биле нудени и пари за гласови. Поради тоа, додаде дека работеле во тешки околности.
