„Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, меморандумот предвидува и размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, конференции и работилници, како и унапредување на комуникацијата во други области од заеднички интерес“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство
Државниот јавен обвинител Ненад Савески и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

За потпишувањето на документот, преку писмени соопштија, информираа од двете институции.
Од Јавното обвинителство на РС Македонија наведуваат дека целта на меморандумот е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата, што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон.
„Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, меморандумот предвидува и размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, конференции и работилници, како и унапредување на комуникацијата во други области од заеднички интерес“,
се наведува во соопштението од Обвинителството.
Со документот, додаваат оттаму, е регулирана и примената на стандардите за безбедност и доверливост при размената на информации.

Од Агенцијата за национална безбедност велат дека со овој меморандум се утврдува рамка за соработка во области од заеднички интерес, со посебен акцент на ефикасно спроведување на надлежностите на двете институции, како и унапредување на превенцијата и справувањето со безбедносните предизвици.
