Тоа се лицата што примиле две дози вакцина, оние што примиле само една доза 14 дена порано и оние што прележале ковид
Од први ноември е дозволено и странски верници да доаѓаат, а Министерството за здравство одредува од кои земји, во зависност од состојбата со пандемијата
Само вакцинираните или оние што стекнале имунитет на ковид-19 ќе можат годинава да одат на омра или мал аџилак во Мека, кој започнува во средината на април, соопштија денеска саудиските власти.
Посебното Министерство за аџилак објави дека само на имунизирани лица против коронавирусот ќе им биде дозволено да дојдат на аџилак или на молитви во Големата џамија во Мека.
Тоа се лицата што примиле две дози вакцина, оние што примиле само една доза 14 дена порано и оние што прележале ковид.
За време на Рамазан во Мека, вообичаено доаѓаат голем број верници од Саудиска Арабија и други муслимански земји.
Мал аџилак, или омра, може да се изведува во текот на целата година, за разлика од аџилакот кој е еднаш годишно. Малиот аџилак беше прекинат во март лани поради пандемијата, а на почетокот на октомври полека почна да се враќа со мерки на претпазливост.
На почетокот само 6 000 Саудијци и странци што живеат во Саудиска Арабија им беше дозволено да доаѓаат дневно. Бројот потоа беше зголемен на 15 000 лица на ден за аџилак и 40 000 верници можеа да одат во Големата џамија на дневни молитви.
Од први ноември дозволено е и странски верници да доаѓаат, а Министерството за здравство одредува од кои земји, во зависност од состојбата со пандемијата.
Повеќе од 390 000 случаи на ковид-19 се пријавени во Саудиска Арабија и повеќе од 6 700 смртни случаи. Повеќе од пет милиони луѓе од вкупно 34 милиони жители примиле барем една доза вакцина.
