Ќе се поднесат 12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево, соопштија од кабинетот на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
Кривичните се дел од билансот по вчерашните контроли на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови. Биле направени вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти.
Кривичните пријави за непочитување на здравствените протоколи ќе добијат по пет угостителски објекти во Скопје и Кичево, а по еден во Охрид и Битола.
Покрај кривичните ќе има и неколку прекршочни постапки и тоа:
- Две за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово;
- Една за непочитување на работно време во објект во Кичево.
- Една за прекршок по Законот за заштита од пушењето во објект во Скопје
- Една за непостапување по издадено решение за привремена забрана за вршење дејност од страна на објект во Битола, за што ќе следи физичко запечатување на објектот со пломба.