Најголемиот дел од казнетите возачи во главниот град, пак, или вкупно 77 возачи возеле со брзина над дозволената
Само на територија на главниот град, вчера сообраќајната полиција казнила вкупно 312 возачи.
Најголемиот дел од нив или 77 биле казнети поради возење над дозволената брзина. За недавање предност на минување на пешаци, пак, изречени се 70 казни, а 38 казни се изречени за возачи кои возеле без возачка дозвола. Меѓу вкупниот број на казнети возачи, 34 биле казнети поради возење под дејство на алкохол.
Меѓу другото, во Скопје се изречени и 12 мерки за нерегистрирани возила, 19 санкции за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, седум мерки за возач почетник и пет за користење мобилен телефон.
На територија на целата држава, пак, вчера се казнети вкупно 301 возач.
Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 194 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.