Зборувајќи за случајот за починатиот хрватски ракометар Денис Тот, министерот за здравство Беким Сали, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека здравствените институции постапиле професионално во однос на неговиот третман на КАРИЛ.
Претходно Министерството за здравство иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во врска со прифаќањето и третманот на 27 годишниот ракометар на „РК Бутел“.
„Во делот на судска медицина сѐ уште го чекаме извештајот да ни стигне, за да видиме дали се согласуваат“,
рече Сали во вечерашното гостување на ТВ21.
Зборувајќи за затворањето на Инфективната клиника во следните две недели, поради дезинфекција и бојадисување на просторот, тој истакна дека тие ќе имаат слободни денови, бидејќи истите не можеле да ги искористат за време на екот на пандемијата.
„Вработените не можеа да одморат во овие две години, додека ковид-кризата имаше голем замав, па така сега ќе можат да имаат слободни денови. Ќе бидат слободни две недели. Ако недајбоже има потреба, сите се на повик“,
истакна Сали.
