Според изјавите на министерот, од друга страна, пак, се е концентрирано во скопскиот Клинички центар и затоа една од политиките е регионализација на болниците во другите градови за да не се испраќаат сите пациенти во главниот град каде, според него, би требало да се испраќаат пациенти само за најкомпелсните интервенции и процедури
Министерот за здравство, Беким Сали, во интервју за „Макфакс“ не негира дека постои хаос во здравство, пред сè, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
„За жал, во целиот хаотичен систем на клиничкиот центар придонесуваат и повремени пропаганди кои се насочени кон демотивирање и давање на комплетно погрешна слика. На скопскиот клинички има хаос затоа што е пренатрупан, а пациентите и вработените се незадоволни. Не може во таков хаос, како што го има на клинички, да бидеме успешен, сигурен и безбеден систем за пациентите“,
вели министерот.
Тој вели дека мора да се реши тоа. Во еден таков хаос, како што вели, услугата ја добива тој што повеќе инсистира да добие услуга. За да се организира како што треба, според министерот, системот треба да се ресетира односно да се врати назад.
„Сите ние плаќаме во системот, меѓутоа услугите се добиваат на тие што се поупорни за добивање на услугата, а тие што реално можеби имаат потреба и не се ’снаодливи‘ до тоа ниво, за жал чекаат. Значи, мора да го вратиме системот назад, да го организираме како што треба. Во таа насока до крајот на годината ние очекуваме современа дигитална опрема која ќе ни помогне за растеретување на Клиничкиот центар. До крај на годината треба да стигне опремата, околу два месеци трае инсталацијата и обуката на кадар. До март месец, мислам дека после март таа слика што се гледа во Клиничкиот центар во Скопје треба да се ублажи, ако не повеќе барем за 10 отсто сигурно“
вели Сали.
Тој во интервјуто зборува и дека од друга страна, пак, се е концентрирано во скопскиот Клинички центар и затоа една од политиките е регионализација на болниците во другите градови за да не се испраќаат сите пациенти во главниот град каде, според министерот, би требало да се испраќаат пациенти само за најкомпелсните интервенции и процедури. За организација на системот, според неговите изјави, меѓу мерките што се преземаат е создавање на повеќе кадар за една година.
„Делот на усовршувањето, специјализациите и супспецијализациите е втора фаза во која ќе дадеме можност на повеќе кадар да се создаде во тек на една година. Ние сме имале постојано излевање на еден кадар дали во приватниот сектор или во странство, мораме за брз период да го надоместиме, со тоа што сметаме дека динамиката на изливот е многу намалена. Јас очекувам во наредните пет до шест години да се ублажи таа бројка на потребата за пружање на специјалистичка консултативна здравствена услуга. Еден дел од сите тие политики е регионализација на болниците. Денес сме сите сведоци во однос на бројки на здравствени услуги што се пружаат во клиничкиот центар во Скопје. Колку услуги се пружаат, а не се од терцијарното ниво. Тоа би требало да бидат најкомплексите процедури што треба да се вршат во Клиничкиот центар. За жал со тек на време, губење на кадар, немање на опрема, одредени болници не извршувале одредени интервенции“,
вели министерот.
Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.