Очекуваме во јули покачување на платите, тоа е скалестото покачување кое е договорено со Синдикатот за здравство и сите други синдикати. Овие две мерки што ги кажав се дел од сите нивни барања за унапредување на условите за работа и причините за останување во земјата, изјави министерот за здравство
Знаеме дека има тешкотии, знаеме дека има незадоволство, меѓутоа систематски работиме едно по едно да ги решаваме нивните барања, истакна министерот за здравство Беким Сали на денешното одбележување на Меѓународната недела на сестринството, осврнувајќи се на барањата на медицинските сестри.
Тој посочи дека е формирана работна група која подготвува нов закон за оваа професија на предлог на Здружението на сестри. Од Здружението добиле нацрт-текст кој тие го подготвиле и со секторот правни работи во Министерството за здравство се координираат за понатамошното работење околу законот.
„Очекуваме во јули покачување на платите, тоа е скалестото покачување кое е договорено со Синдикатот за здравство и сите други синдикати. Овие две мерки што ги кажав се дел од сите нивни барања за унапредување на условите за работа и причините за останување во земјата“,
изјави Сали.