Посетата на американскиот специјален пратеник Кит Келог на Брисел доаѓа еден ден откако европските лидери се состанаа на вонреден самит за Украина, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за непосредни разговори со Русија за руско-украинскиот конфликт, без присуство на Украина и ЕУ
Сакаме да бидеме партнери со САД за да обезбедиме праведен и траен мир за Украина – порачала претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на средбата со специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, кој во моментов е во посета на Брисел.
„Финансиски и воено, Европа придонесе (за Украина) повеќе од кој било друг. И ќе се засилиме. Сакаме да бидеме партнери со САД за да обезбедиме праведен и траен мир за Украина. Сега е критичниот момент“,
пишува Фон дер Лајен во објава на Икс.
Important discussion with @generalkellogg on Ukraine.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 18, 2025
Financially and militarily, Europe has brought more to the table than anyone else. And we will step up.
We want to partner with the US to deliver a just and lasting peace for Ukraine.
Now is a critical moment.
За време на средбата со Келог, претседателката на ЕК ја нагласила улогата на ЕУ во обезбедувањето финансиска и одбранбена стабилност на Украина, со вкупна поддршка од 135 милијарди евра – повеќе од кој било друг сојузник. Ги истакнала плановите на Европа за зголемување на производството и трошоците за одбрана зајакнувајќи ги европските и украинските воени капацитети, додавајќи дека ЕУ е подготвена да направи уште повеќе за Украина.
„Потврдувајќи ја посветеноста на ЕУ за праведен и траен мир, претседателката на ЕК повтори дека секоја резолуција мора да ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, поддржани со силни безбедносни гаранции. Таа, исто така, ја изрази подготвеноста на ЕУ да работи заедно со САД за да се стави крај на крвопролевањето и да помогне да се обезбеди праведен и траен мир што Украина и нејзиниот народ со право го заслужуваат“,
информираат од прес-службата на Комисијата по средбата.
Посетата на американскиот специјален пратеник Кит Келог на Брисел доаѓа еден ден откако европските лидери се состанаа на вонреден самит за Украина, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за непосредни разговори со Русија за руско-украинскиот конфликт, без присуство на Украина и ЕУ.