На свечената изјава присуствуваше и претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, кој му го честита изборот на Изаири и им се заблагодари на судиите кои гласале за него, велејќи дека го направиле вистинскиот избор
Наша заедничка цел како Судски совет е да настојуваме да ги подобриме состојбите во судството и да го подигнеме нивото на доверба на граѓаните кон судството – порача Садула Изари, новиот член на Судскиот совет од немнозинските заедници кој судиите го избраа на непосредни избори во јануари годинава.

Тој денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, и им се заблагодари на судиите кои гласале за тој да биде избран за нов член на Судскиот совет. На свечената изјава присуствуваше и претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, кој му го честита изборот на Изаири, им се заблагодари на судиите кои гласале за него, велејќи дека го направиле вистинскиот избор.

Изаири рече оти очекувањата на судиите се исти како и очекувањата на граѓаните кон Судскиот совет – да постои поефикасно и независно судство.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, рече дека Советот не е комплетиран целосно и дека недостига уште еден член кој треба да биде избран од Собранието.
„Ние и сега функционираме, меѓутоа кога ќе бидеме во полн состав ќе можеме да функционираме уште подобро. Во поглед на реформските агенди, мислам дека Судскиот совет предничи од сите институции. Тоа што било како обврска, веќе е направено од наша страна и се надеваме дека ќе успееме, не само ние и целата државата да се придвижи кон тие процеси“,
рече Камбовски.
