Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, додава дека заплената е извршена покрај брегот на Венецуела и оти била спроведена безбедно и сигурно. Таа најавува и дека продолжува истрагата заедно со Министерството за внатрешна безбедност за спречување на транспорт на санкционирана нафта

САД запленија санкциониран танкер за нафта покрај брегот на Венецуела, изјави претседателот Доналд Трамп, потег што ги зголеми цените на нафтата и нагло ги ескалираше тензиите меѓу Вашингтон и Каракас, пишува Ројтерс.
„Тукушто запленивме танкер на брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, најголемиот што некогаш е запленет“,
рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.
На прашањето што ќе се случи со нафтата, Трамп претпоставувајќи рече дека ќе ја задржат.
Каракас брзо го осуди дејствието, нарекувајќи го чин на „меѓународно пиратство“. Претходно, претседателот Мадуро изјави дека Венецуела никогаш нема да стане „нафтена колонија“.
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, која го води Министерството за правда на САД, изјави дека Федералното биро за истраги, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и крајбрежната стража на САД ја координирале заплената.
„Со години, танкерот за нафта беше санкциониран од САД поради неговата вмешаност во нелегална мрежа за испорака на нафта што поддржува странски терористички организации“,
напиша главниот државен обвинител на Икс.
Таа додава дека заплената е извршена покрај брегот на Венецуела и оти била спроведена безбедно и сигурно. Бонди најавува и дека продолжува истрагата заедно со Министерството за внатрешна безбедност за спречување на транспорт на санкционирана нафта.
Today, the Federal Bureau of Investigation, Homeland Security Investigations, and the United States Coast Guard, with support from the Department of War, executed a seizure warrant for a crude oil tanker used to transport sanctioned oil from Venezuela and Iran. For multiple… pic.twitter.com/dNr0oAGl5x
— Attorney General Pamela Bondi (@AGPamBondi) December 10, 2025
Снимките што ги сподели Бонди покажуваат воен хеликоптер како лебди над голем брод, а војниците се спуштаат на палубата користејќи јажиња. На снимката се гледаат униформирани мажи како се движат по бродот.
Висок воен функционер изјави за американскиот партнер на Би-би-си дека хеликоптерите што се користеле во операцијата биле лансирани од бродот „УСС Џералд Форд“, најголемиот носач на авиони во светот, кој беше испратен во Карибите минатиот месец.
Во неа учествуваа два хеликоптери, 10 припадници на крајбрежната стража и 10 маринци, како и специјални сили.
Телевизијата Си-би-ес јави дека е запленет танкерот „Скипар“, на кој САД во 2022 година воведе санкции поради наводни врски со Иран и либанското движење Хезболах.
