Пожарот на југот на американската држава Орегон, што неконтролирано се шири веќе една недела стана петти најголем пожар во изминатите 100 години.
Овој пожар, еден од најголемите шумски пожари што го зафати западниот дел на САД, проголта повеќе од 241.000 хектари шума – уништи област поголема од површината на Њујорк.
Пожарот уништи најмалку 21 куќа и 54 други објекти, соопштија властите. Одделот за шумарство во Орегон вчера соопшти дека се загрозени повеќе од 5.000 домови.