САД ќе воведат ограничувања за влез на странци кои биле во Индија поради алармантната состојба во таа земја со ковид-19 и појавата на нови мутации на коронавирусот, потврдиле од администрацијата на претседателот Џо Бајден.
Според извори на „Си-ен-ен“, ограничувањата ќе стапат на сила од вторник (4 мај) и ќе опфатат забрана за влез на странски државјани кои во последните 14 дена биле во Индија. Забраната нема да се однесува на американските државјани и на хуманитарните работници, за кои веројатно ќе треба негативен тест или карантин
Информацијата дека ќе се воведат мерки ја потврдила и портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Индија во последниот период урива рекордни по бројот на новозаразени, здравствениот систем е оптоварен и не може да ги прими сите пациенти, а земјата се соочи и со недостаток на кислород за пациентите. Интензитетот на новиот бран го покажува и статистиката за починатите според која бројот на смртни случаи е речиси тројно зголемен на дневна основа во последните три недели.