Трамп не сподели фотографии или видео од штетата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Трут сошл, објави дека САД уништиле и потопиле девет ирански воени бродови.
„Само што бев информиран дека уништивме и потопивме 9 ирански воени бродови, од кои некои се релативно големи и важни. Ги бркаме и останатите – тие наскоро ќе пловат на дното на морето! Во друг напад, во голема мера го уништивме нивниот воен штаб. Освен тоа, нивната морнарица се справува многу добро“,
објави тој.
Трамп не сподели фотографии или видео од штетата.
