САД ќе ја поддржат секоја демократски избрана влада која ќе го обезбеди напредокот на Црна Гора во евроатлантските интеграции, што вклучува забрзување на процесот на пристапување во Европската унија, борба против корупцијата и организираниот криминал, зајакнување на учеството во НАТО, промовирање на инклузивно и граѓански ориентирано општество и да продолжи со повик за одговорност на Русија за бруталната војна против Украина, е ставот од Стејт Департментот за „Гласот на Америка“
Соединетите Американски Држави очекуваат Црна Гора да ги почитува своите законски процедури, или брзо да формира нова влада или да распише вонредни парламентарни избори, велат од Стејт департментот за „Гласот на Америка“, откако парламентот на Црна Гора изгласа недоверба на Владата на премиерот Дритан Абазовиќ.
Неименуван портпарол на Стејт департментотво одговор на прашање од „Гласот на Америка“ изјави дека „гласањето недоверба е парламентарна демократија на дело, каде што црногорскиот народ, преку своите избрани претставници, ја повикува владата на одговорност“.
„САД ќе ја поддржат секоја демократски избрана влада која ќе го обезбеди напредокот на Црна Гора во евроатлантските интеграции, што вклучува забрзување на процесот на пристапување во Европската унија, борба против корупцијата и организираниот криминал, зајакнување на учеството во НАТО, промовирање на инклузивно и граѓански ориентирано општество и да продолжи со повик за одговорност на Русија за бруталната војна против Украина“,
се вели во одговорот.
На прашањето на „Гласот на Америка“ дали САД ќе го поддржат учеството на Демократскиот фронт (ДФ) во евентуална нова влада, портпаролот повтори дека САД не ја сметаат ДФ за партнер, бидејќи „тоа не ги поддржуваат европските вредности, кои вклучуваат критички став кон руската агресија” против Украина, и не покажаа лидерство или волја да постигнат напредок во клучните реформи потребни за пристапување во ЕУ”.
Пратениците во црногорскиот парламент ѝ изгласаа недоверба на 43-та Влада на Дритан Абазовиќ, откако Демократска Црна Гора ја поддржа иницијативата на Демократската партија на социјалистите и нејзините партнери, кои беа незадоволни од потпишувањето на Основниот договор со СПЦ. Иницијативата за недоверба на Владата ја поддржаа 50 пратеници, а еден беше против во 81-члениот парламент.