Американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно го предупреди Иран за последици на досега невидено ниво, вчеравечер во објава на Трут соушл рече дека Вашингтон презел превентивни мерки за да одговори на заканата што ја упати Техеран
Официјален Вашингтон соопшти дека американските сили во текот на ноќта елиминирале повеќе ирански поморски бродови, вклучувајќи 16 поставувачи на мини во близина на Ормускиот Теснец. Потегот следува откако Техеран се закани дека ќе го блокира извозот на нафта од регионот преку Ормускиот Теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно го предупреди Иран за интензивни последици на досега невидено ниво, вчеравечер во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека Вашингтон презел превентивни мерки за да одговори на заканата што ја упати Техеран.
„Со задоволство ве известувам дека во последните неколку часа погодивме и целосно уништивме 10 чамци и/или бродови за поставување мини, а ќе следат уште повеќе!“,
напиша Трамп во објавата.
Централната команда на САД подоцна на Икс потврди дека бројот се зголемил на 16 бродови-минопоставувачи.
„Американските сили елиминираа повеќе ирански поморски бродови на 10 март, вклучувајќи 16 минипоставувачи во близина на Ормускиот Теснец“,
соопшти Централната команда на САД.
U.S. forces eliminated multiple Iranian naval vessels, March 10, including 16 minelayers near the Strait of Hormuz. pic.twitter.com/371unKYiJs
— U.S. Central Command (@CENTCOM) March 10, 2026
Нападите се одговор на предупредувањето на Иран дека ќе почне да поставува мини во Ормускиот Теснец – најважното енергетско тесно грло во светот низ кое минува околу една петтина од вкупната светска трговија со сурова нафта. По ваквите наводи, американскиот претседател Доналд Трамп повика Техеран итно да ги отстрани мините, а во спротивно најави невидени воени последици за Иран.
