Американската администрација на претседателот Џо Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и тоа може да биде соопштено уште денеска, пишува Ројтерс.
„Бајден може да одобри помош, користејќи го претседателското овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви на странски држави или организации во итни случаи“,
пишуваат повеќе американски медиуми.
Во текстот на Ројтерс се открива и дека најавата за помош сепак постои шанса да се официјализира и кон почетокот на следната недела, а можно е предвидениот пакет вооружување да ја смени вредноста пред да биде објавен официјално.
Во изминатиот период Украина продолжи да прима воена помош и од повеќе европски земји, а Германија, Данска и Велика Британија беа последните европски земји кои со нова воена помош и помогнаа на Украина, која се уште се бори со руската инвазија во оваа земја која започна на 24 февруари.