Во повеќе од половина од американските сојузни држави, бројот на починати во еден ден падна на едноцифрен број, а во некои денови и нула. Вкупниот број во просек сега е 600 починати дневно
Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД опадна во просек на 600 девно, што е најмалку во изминатите 10 месеци.
Во повеќе од половина од американските сојузни држави, бројот на починати во еден ден падна на едноцифрен број, а во некои денови и нула. Канзас не пријавил смртни случаи од ковид-19 од петок до понеделникот. Државата Масачусетс неодамна имаше ден кога немаше пријавено ниту еден смртен случај.
Последен пат имаше толку малку смртни случаи во јули минатата година.
Д-р Амеш Адалџа, експерт за заразни болести на Универзитетот „Џон Хопкинс“, вели дека вакцинацијата е клучна за колективниот имунитет.
Бројот на потврдени инфекции во Соединетите Држави се намали во просек на околу 38 000 дневно, што е најниско ниво од септември. Бројот на новоинфицирани опадна за 85 проценти од пикот со над 250 000 случаи на ден на почетокот на јануари.
Бројот на жртви од коронавирусот во Соединетите држави достигна максимум во средината на јануари со просек од 3 400 смртни случаи на ден, само еден месец по почетокот на најголемата програма за вакцинирање во историјата на земјата.
Соединетите држави регистрираа вкупно 32,7 милиони заразени и повеќе од 582 000 починати за време на пандемијата, што е најголем број во светот.