Истражителите ќе бараат податоци за радарите, комуникацијата со контролорите на летање, евиденција дали редовно е сервисиран авионот, како и информации од медицинското досие на пилотот
Во хеликоптерска несреќа во Колуса, Калифорнија, загинаа четири лица, јавија американски медиуми.
Во соопштението на Федералната управа за авијација (ФАА) се наведува дека хеликоптер „Робинсон Р66“ се урнал во 13:15 часот по локално време во Колуса, северно од Сакраменто.
Од канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија КХТВ изјавија дека четири лица загинале на самото место, а нивниот идентитет не е соопштен.
Причината за несреќата сè уште не е позната, а истрага водат ФАА и Националната агенција за безбедност во сообраќајот. Како што изјавиле од ФФА за „Си-ен-ен“, истражителите ќе бараат податоци за радарите, комуникацијата со контролорите на летање, евиденција дали редовно е сервисиран авионот, како и информации од медицинското досие на пилотот.