Русија и Кина ги промовираат своите вакцини против коронавирусот преку обиди за клевета на слични американски лекови, соопшти Белата куќа, повикувајќи се на констатациите на Стејт департментот.
„Тоа не е само конкуренција на вакцините: ризикот и влијанието се дека овој вид на дезинформации се сведува на претерување околу несаканите ефекти на западните вакцини,
изјави на брифинг портпаролката на претседателската администрација, Џен Псаки.
Според неа, јавноста е доведена во заблуда со лажните тврдења дека иРНК вакцините не поминале тестови и се опасни.
„Кина, исто така, тврди дека САД не дозволуваат други земји да купуваат вакцини, и покрај доказите за спротивното. Ширењето на тврдењата дека одобрените лекови се неефикасни и не помагаат, е штетно“,
нагласи Псаки.