„Користењето на американската војска е опција што секогаш му е на располагање на врховниот командант (Доналд Трамп н.з.)“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови заканите за преземање на Гренланд од страна на САД по апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро на 3 јануари. Веќе следниот ден, тој изјави оти Гренланд му е „очајно потребен“, зголемувајќи ги со тоа тензиите меѓу САД, полуавтономната данска територија и Европа
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите советници разгледуваат низа опции од однос на воспоставување контрола врз Гренланд, соопштија од Белата куќа, додавајќи дека користењето на војската на САД е „секогаш опција“ во остварувањето на таа стратешка цел.

„Претседателот Трамп стави до знаење дека воспоставувањето контрола врз Гренланд е приоритет на националната безбедност на Соединетите Американски Држави и дека е од витално значење да се одвратат нашите противници во арктичкиот регион. Претседателот и неговиот тим разговараат за низа опции за остварување на оваа важна цел на надворешната политика и, секако, користењето на американската војска е опција што секогаш му е на располагање на врховниот командант (Доналд Трамп н.з.)“,
изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, пренесоа светските медиуми.
Коментарот на Левит дојде откако лидерите на големите европски земји вчера преку заедничка изјава се спротивставија на најавите и заканите на Трамп за освојување на оваа арктичка територија која е дел од Кралството Данска.
Имено, во знак на солидарност, вчера лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и други нации објавија заедничка изјава со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, во која ги повикаа САД да го почитуваат суверенитетот на земјата. Тие во соопштението напишаа дека безбедноста на Арктикот е врвен приоритет за НАТО, одбрабениот сојуз од кој дел се и САД и Гренланд, кој е дел од територијата на Данска.
„Гренланд припаѓа на нејзините луѓе. Данка и Гренланд, и само тие, треба да одлучуваат за прашања што се однесуваат на Данска и Гренланд“,
се наведува во заедничката изјава.
Владата на Гренланд соопшти дека побарала од американскиот Стејт департмент „итен“ состанок со државниот секретар, Марко Рубио, министерката за надворешни работи и истражување на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, за да разговараат околу аспирациите на САД за „призвојување“ на островот.
Министерот за внатрешни работи на Данска, Расмусен во изјава за националниот радиодифузен сервис ДР, рекол дека состанокот ќе има даде шанса на данските и властите во Гренланд да одговорат на некои од тврдењата на Трамп, меѓу кои и оние дека многу руски и кинески бродови обиколуваат околу островот и дека Пекинг има големо економско влијание таму преку инвестиции.
„Ние не ја споделуваме оваа слика дека Гренланд е преполн со кинески инвестиции…ниту дека има кинески воени бродови околу Гренланд“,
рекол министерот.
Расумсен изјавата ја дал по вонредната седница на данскиот комитет за надворешна политика и Министерството за одбрана на земјата, со единствена точка на дневен ред: „Односите на Кралството Данска со Соединетите Американски Држави“.
Министерката за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен, по состанокот изјавила дека земјата потрошила милијарди во зголемувањето на безбедноста на Гренланд, отфрлајќи ги наводите на американскиот претседател, дадени оваа недела, дека Копенхаген известирал во само „уште една санка за кучиња“.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходно изјави дека евентуален напад на САД врз сојузник во НАТО би значел крај за одбранбениот сојуз и безбедносниот поредок воспоставен по Втората светска војна. Тоа, како што изјави таа, би било крај на сè.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови заканите за преземање на Гренланд од страна на САД по апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро на 3 јануари. Веќе следниот ден, тој изјави оти Гренланд му е „очајно потребен“, зголемувајќи ги со тоа тензиите меѓу САД, полуавтономната данска територија и Европа.
Властите и жители на Гренланд во повеќе наврати изјавија дека не сакаат да бидат дел од Соединетите Американски Држави, а според анкетите, идејата е непопуларна и меѓу американските граѓани.
Како што пренесува британски „Гардијан“, само седум отсто од Американците се согласуваат со воена интервенција и заземање на Гренланд.
Во интервју за Си-ен-ен, дадено претходно, заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, посочи дека Данска нема право на арктичката територија, која е поранешна данска колонија. Имено островот богат со минерали, кој е дом на 56 000 луѓе, има контрола врз повеќето внатрешни работи, додека Копенхаген продолжува да ја надгледува неговата надворешна и безбедносна политика.
Милер, исто така, изјави дека нема да биде потребна воена интервенција за преземање на островот бидејќи „никој нема да се бори со воени средства против САД за иднината на Гренланд“.
Тој го даде интервјуто за Си-ен-ен откако неговата сопруга, десничарската подкастерка Кејти Милер, објави фотографија од американското знаме префрлено на мапа на Гренланд, со натпис „Наскоро“.
Според извештај на „Волстрит журнал“, американскиот државен секретар, Марко Рубио на брифинг во Капитол хил, им рекол на претставниците во Конгресот на САД дека администрацијата на Трамп би претпочитала да го купи островот од Данска отколку да го нападне.
Стратешки сместен помеѓу САД и Русија, Гренланд се смета за сè поважен одбранбен центар и ново геополитичко бојно поле, бидејќи климатската криза и растечката милитаризација ги зголемуваат тензиите во регионот. Трамп рече дека Гренланд е клучен за американската национална безбедност, иако САД веќе имаат неколку свои бази таму.
