Американски војници се испраќаат во Израел како дел од мировниот договор за поддршка и помош при следењето на прекинот на огнот
Соединетите Американски Држави (САД) ќе распоредат до 200 војници во Израел, кои веќе се стационирани на Блискиот Исток, а како поддршка на напорите за стабилизација во Газа, пренесува Ројтерс.
Сепак, не се очекува овие војници да бидат стационирани во палестинската енклава Газа.

Централната команда на американската војска ќе формира работната група, позната како Цивилно-воен координативен центар. Во неа ќе бидат вклучени и сили од арапските и муслиманските земји, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го набљудуваат примирјето и ќе пријавуваат евентуални прекршувања.
Покрај тоа, треба да помогнат и во координација на хуманитарната помош.
Американски војници се испраќаат во Израел како дел од мировниот договор за поддршка и помош при следењето на прекинот на огнот.
Доколку размената на заложници и затвореници биде успешно завршена, планот е да се формираат меѓународни сили за стабилизација, но тој договор сè уште не е постигнат меѓу вклучените страни.
Владата на Израел го одобри договорот рано утринава, речиси 24 часа откако медијаторите објавија дека е постигнат договорот за првата фаза од мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.