Египетските државни медиуми денеска објавија дека 17 камиони со помош влегле во Газа, но Обединетите нации соопштија дека ниту еден камион не преминал. САД, пак, најавија дека стабилен проток на хуманитарна помош за Газа ќе биде обезбеден од утре

Новиот претставник на администрацијата на Бајден за хуманитарната ситуација во Газа, Дејвид Сатерфилд, рече дека „стабилен проток“ на хуманитарна помош ќе започне да влегува во Газа утре, откако првиот конвој од 20 камиони влезе во енклавата преку Египет во петокот, пренесе ртс.рс.
„Нашето очекување и суштината на нашата дискусија со сите страни е дека почнувајќи од утре ќе видите континуиран проток на помош. Сакаме да го изградиме тој проток на потребното ниво за да започнеме да ги задоволуваме потребите на Газа“,
рече Сатерфилд.
Американскиот пратеник вели дека дополнителни 15 камиони се на пат.
„Тоа е за легитимните потреби на луѓето во Газа. Ако Хамас се вмеша, ја земе или ја пренасочува помошта, тоа практично ќе го отежне продолжувањето на оваа помош и ќе биде уште една демонстрација на недоволната грижа на Хамас за благосостојбата на палестинскиот народ”,
додаде тој.
Египетските државни медиуми денеска објавија дека 17 камиони со помош влегле во Газа, но Обединетите нации соопштија дека ниту еден камион не преминал.
Си-ен-ен, пак, објави дека најмалку 14 камиони со химанитарна помош влегле од Египет во Газа.