Ограничувањата стапуваат во сила во 6 часот наутро по источно време
Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) им нареди на авиокомпаниите да ги намалат домашните летови за четири проценти на 40 главни американски аеродроми почнувајќи од денеска.

Ограничувањата стапуваат во сила во 6 часот наутро по источно време. ФАА изрази загриженост во врска со безбедноста на воздушниот сообраќај поради затворањето на владата.
Во својата конечна наредба ФАА соопшти дека ќе бара намалување од четири отсто за 40 главни американски аеродроми до понеделник пред да воведе намалување од десет отсто почнувајќи од 14 ноември.
ФАА, исто така, воведува ограничувања за лансирања во вселената, но не и за меѓународни летови.
Блокадата на федералната влада на САД стана најдолгата во историјата на земјата бидејќи Конгресот продолжува со неуспешните обиди да го донесе федералниот буџет.
Претходно, најдолгата блокада во историјата на федералната влада на САД беше за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, кога голем дел од активностите на сојузно ниво беа затворени повеќе од пет недели, односно кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.
Колку ќе трае блокадата зависи од тоа дали демократите и републиканците ќе постигнат договор за сојузниот буџет.
