Западните земји в четврток ќе ги соопштат „новите посилни санкции кон Русија“, кои ги подготвуваат заедно со САД, соопшти денеска Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.
Како што е порано најавено, американскиот претседател Џо Бајден утре ќе учествува на самитот на лидерите на ЕУ, а истиот ден во Брисел ќе се одржи и вонреден самит на НАТО, посветен на руската инвазија на Украина, на кој преку видео врска ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека САД не забележале дека Кина испорачува воена опрема во Русија откако се одржа неодамнешниот разговор меѓу лидерите на САД и Кина, Џозеф Бајден и Си Џинпинг.
Саливан додаде и дека САД продолжуваат да ги следат активностите на Кина.