Претседателот Володимир Зеленски претходно предупреди дека Украина нема да прифати каков било договор без учество на неговата земја

Украина нема да присуствува на руско-американските разговори што ќе се одржат во Саудиска Арабија во наредните денови, пишува Би-би-си.
Цитирајќи владини извори, Би-би-си јавува дека Украина не била поканета и таа нема да испрати своја делегација. Едни од најблиските советници на Трамп за надворешна политика, Мајк Валц и Стив Виткоф, вечерва ќе отпатуваат во Саудиска Арабија пред да започнат разговорите.
Претседателот Володимир Зеленски претходно предупреди дека Украина нема да прифати каков било договор без учество на неговата земја.
Утре во Париз на покана на Емануел Макрон европските лидери ќе се соберат на вонреден самит откако сè погласни се пораките од американски претставници дека Европа нема директно да биде вклучена во разговорите за Украина.
Сето ова се случува откако пред неколку дена претседателот Доналд Трамп разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, по што објави дека разговарале за можен договор во врска со руската агресија.