Американските претставници тврдат дека токму Европа ја охрабрува Украина да издржи и да чека подобар договор, што, велат тие, ја продолжува војната. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, вчера даде изјава додека Владимир Путин беше во посета на Кина. Неговата изјава звучи речиси идентично со пораката од Вашингтон

Само еден ден ги дели двете пораки што доаѓаат од Вашингтон и Москва – и двете речиси идентични: Европа е виновна за продолжувањето на војната во Украина.
Американскиот портал „Аксиос“ завчера објави дека во Белата куќа расте фрустрацијата кон европските сојузници. Според порталот, високи американски претставници веруваат дека европските лидери јавно ги поддржуваат мировните напори на претседателот Доналд Трамп, но зад сцената ги поткопуваат.
Американските претставници тврдат дека токму Европа ја охрабрува Украина да издржи и да чека подобар договор, што, велат тие, ја продолжува војната.
„Европејците не можат да ја продолжат оваа војна и тајно да туркаат нереални очекувања додека очекуваат Америка да ја плати цената. Ако Европа сака да ја ескалира оваа војна, тоа ќе биде нивна одлука. Но, тогаш тие беспомошно ќе се обидат да го оттргнат поразот од вилиците на победата. Договорот се постигнува преку уметноста на можното. Но, некои Европејци продолжуваат да живеат во земјата на бајките игнорирајќи го фактот дека за танго се потребни двајца“,
изјавил за „Аксиос“ висок функционер на Белата куќа.
„Аксиос“, исто така, објави дека Белата куќа бара од Европејците да воведат нови санкции врз Русија, вклучително и целосно прекинување на купувањето руска нафта и гас и секундарни тарифи врз Индија и Кина.
Трамп: Сите глумат
Трамп по средбите со Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, инсистираше дека следниот чекор е директна средба меѓу Путин и Зеленски. Москва засега го одбива тоа, додека Киев порача дека не сака да разговара за територијални отстапки без согласност на Русија за преговори.
„Сите глумат. Сето тоа се глупости“,
рече фрустрирано Трамп на состанокот на кабинетот во вторникот.
Песков: Европејците го саботираат мировниот процес
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пак, вчера даде изјава додека Владимир Путин беше во посета на Кина. Неговата изјава звучи речиси идентично со пораката од Вашингтон.
„Европската ‘воена партија’ не се откажува од својата главна порака. Тие не се смируваат. Ова е во остра спротивност, на пример, со пристапот на нашиот претседател Путин, но и на американскиот претседател Трамп, чиишто напори да го насочи процесот во мирна насока тешко се преценуваат. Ние сме благодарни за овие напори. Сепак, Европејците го попречуваат ова. Европејците го саботираат процесот и на секој начин му помагаат, а веројатно и го охрабруваат режимот во Киев, во неговата целосно апсурдна упорност и непопустливост. Ова е голема грешка, многу голема грешка“,
рече Песков.
Peskov: “We are ready to resolve the problem by political and diplomatic means, but since we do not see reciprocity from Kyiv, we continue the special military operation.”
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 31, 2025
Here is the full text of this statement, issued by the Kremlin while Putin is on a visit to China.
“The… pic.twitter.com/wZtDsXH2th
Тој посочи дека Русија е подготвена да го реши проблемот преку политички и дипломатски средства.
„Но, бидејќи не гледаме реципроцитет од Киев, ја продолжуваме специјалната воена операција“,
додаде Песков.
На прашањето дали верува дека Европејците намерно се обидуваат да го нарушат руско-американскиот дијалог, Песков одговори:
„Не, не намерно. Тие долго време – историски – си поставија цел да ја ограничат Руската Федерација на секој можен начин. Ова е долгогодишен тренд. И ние знаеме како да му се спротивставиме“.
Овие изјави доаѓаат откако Трамп го пречека Путин во Алјаска на состанок што тој го нарече историски, но од кој не произлезе конкретен договор.
Во меѓувреме, војната продолжува, Русија продолжува да врши секојдневни воздушни напади врз украинските градови, а Киев возвраќа со напади врз руските рафинерии.