Покрај бојкотот на САД и Канада, на свеченоста нема да присуствува ниту амбасадорот на Европската Унија во Русија, што е согласно ставот на мнозинството земји членки во ЕУ. Инаугурацијата на Путин ќе ја бојкотираат 20 земји членки на Унијата, но се очекува преостанатите седум да испратат свои претставници. Франција е една од државите чиј претставник, односно амбасадор, ќе биде дел од церемонијата во Москва
Соединетите Американски Држави (САД) и повеќето земји на Европската Унија (ЕУ) ќе ја бојкотираат церемонијата за инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин кој на неодамнешните избори освои нов шестгодишен мандат, јави Ројтерс. Сепак, се очекува дека Франција и некои од европските држави ќе испратат свои делегации на денешната церемонија во Москва, и покрај молбите на официјален Киев да не го прави тоа.

Русија ги покани шефовите на сите странски дипломатски претставништва во Москва на инаугурацијата на Путин.
Покрај бојкотот на САД и Канада, на свеченоста нема да присуствува ниту амбасадорот на Европската Унија во Русија што е согласно ставот на мнозинството земји членки во ЕУ. Инаугурацијата на Путин ќе ја бојкотираат 20 земји членки на Унијата, но се очекува преостанатите седум да испратат свои претставници.
Франција е една од државите чиј претставник, односно амбасадор, ќе биде дел од церемонијата во Москва.
„Ние не сме во војна со Русија и рускиот народ и немаме барања за промена на режимот во Москва“,
изјави во понеделникот францускиот претседател Емануел Макрон.
Извор од официјален Париз наведува дека Франција претходно го осудила одржувањето на изборите под околности на репресија и негирање на можноста на гласачите реално да гласаат, како и спроведувањето на избори на окупираните украински територии што Франција го смета за кршење на меѓународното право.
Освен Франција, на инаугурацијата на Путин ќе присуствуваат и претставници на Унгарија и Словачка.
Балтичките земји, кои веќе немаат свои претставници во руската престолнина, категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин. Бојкот на церемонијата најави и Германија.