Германската амбасада во Кабул објави твит преку кој ги повикува сите нејзини граѓани да ја напуштат земјата што е можно побрзо со комерцијални летови
Политичкиот новинар на „Хафингтон пост“, Игор Бобиќ, преку Твитер пренесува дека сенаторот Мич Меконел, уште еднаш го повикал претседателот Бајден веднаш да обезбеди поголема поддршка за авганистанските сили, во спротивно вели „Талибанците може да ја прослават 20-годишнината од нападите на 11 септември со палење на нашата Амбасада во Кабул“
САД и Велика Британија ќе испратат засилување во Кабул за да помогнат во евакуацијата на нивните дипломати, војници и граѓани, како и илјадници Авганистанци кои работеа со нив, додека Талибанците го заострија пристапот кон главниот град.
Пентагон објави дека ќе испрати три баталјони, околу 3 000 војници на меѓународниот аеродром во Кабул во рок од 24 до 48 часа. Портпаролот на одделот за одбрана, Џон Кирби, рече дека засилувањето ќе помогне за безбедно намалување на бројот на американски државјани и Авганистанци кои работеле со Американците, на кои им биле доделени специјални имигрантски визи.
„Ние внимателно ја набљудувавме безбедносната состојба на терен. И многу подобро да бидеме претпазливи во врска со тоа и да бидеме одговорни и да ја следиме ситуацијата за да донесеме најдобри одлуки за безбедноста и сигурноста на нашите луѓе отколку да чекаме и да биде предоцна“,
рече Кирби.
Велика Британија соопшти дека ќе испрати 600 војници, а секретарот за одбрана, Бен Валас, рече дека Велика Британија ја преместува својата амбасада на потенцијално побезбедна локација поблиску до центарот на главниот град.
Околу 200 британски дипломати и војници се евакуираат, но прецизни бројки не се даваат. Британија очекува да евакуира и до 4 000 Авганистанци. Другите западни влади, исто така, ги забрзуваат плановите за евакуација на персоналот на амбасадите, поради стравувањата од безмилосниот напредок на талибанците низ целата земја.
Германската амбасада во Кабул објави твит преку кој ги повикува сите нејзини граѓани да ја напуштат земјата што е можно побрзо со комерцијални летови.
„Капацитетите за конзуларна помош за германските државјани се крајно ограничени“,
се вели во твитот на амбасадата.

Најавите дојдоа кога талибанските борци го зазедоа вториот и третиот по големина авганистански град. Заземањето на Кандахар и Херат се најголемите успеси досега за талибанците, кои досега зазедоа 12 од 34 главни провинции на земјата.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, рече дека Амбасадата на САД во Кабул останува отворена и дека ова не значи целосна евакуација, потсетувајќи дека САД започнаа со повлекување на дел од својот дипломатски персонал во април, кога претседателот Џо Бајден објави дека странските војници ќе се повлечат од Авганистан пред крајот на летото.
„Интензивирањето на воената офанзива на талибанците и насилството и нестабилноста што ја придружува е причина за сериозна загриженост. Во овој поглед, ние дополнително го ограничуваме присуството на американски цивили во Кабул, земајќи ја предвид безбедносната ситуација. За да се олесни евакуацијата, Министерството за одбрана привремено ќе распореди дополнителни војници на меѓународниот аеродром во Кабул“,
вели Прајс.
Политичкиот новинар на „Хафингтон пост“, Игор Бобиќ, преку Твитер пренесува дека сенаторот Мич Меконел, уште еднаш го повикал претседателот Бајден веднаш да обезбеди поголема поддршка за авганистанските сили.
„Без тоа, Ал Каеда и Талибанците може да ја прослават 20-годишнината од нападите на 11 септември со палење на нашата Амбасада во Кабул“,
се вели во твитот.
McConnell calls on Biden to “immediately commit to providing more support to Afghan forces, starting with close air support beyond August 31. Without it, al Qaeda and the Taliban may celebrate the 20th anniversary of the September 11 attacks by burning down our Embassy in Kabul”
— Igor Bobic (@igorbobic) August 12, 2021