Американската агенција ќе ја реевалуира потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки вид на вирус
Соединетите Американски Држави го укинуваат задолжителниот тест за ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти Белата куќа.
Соочени со појавата на вирусот омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во Соединетите држави во декември 2021 година.
Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали биле вакцинирани или не.
Наредбата за задолжително тестирање на ковид истекува во недела, откако Центрите за контрола и превенција на болести утврдиле дека тестовите повеќе не се неопходни.
Американската агенција ќе ја реевалуира потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки вид на вирус.
На 2 јуни Белата куќа соопшти дека Сите патници што сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави, без разлика дали се вакцинирани или не, мора да имаат негативен тест за ковид-19. Осум дена подоцна оваа одлука е променета.