Според полицијата починатите се две момчиња на 16 и 19 години
Две лица се убиени, а три се ранети во оружен напад во центарот на Синсинати, што се случи за време на огнометот по повод прославата на Денот на американската независност, на 4 јули.
Пукањето се случило вчера вечер во областа на Паркот Смајл, изјави на прес-конференција полицискиот потполковник Лиза Дејвис, пренесе агенцијата АП.
Едно лице починало на самото место, а другото починало во локалната болница.
Уште три лица кои биле застрелани биле пренесени во болници. Двајца се со полесни повреди, а третиот се наоѓа во критична состојба, соопшти полицијата.
Според полицијата починатите се две момчиња на 16 и 19 години.