Сè уште има шанси дипломатијата да спречи војна, вели за Си-Ен-Ен, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Тој кажа дека претседателот на САД, Џо Бајден, е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин „во секое време, во кој било формат“, доколку тоа помогне да се спречи војна и додаде дека администрацијата на Бајден ќе продолжи да ги презема сите чекори што може, за да се обиде да ја убеди Москва да не да ја нападне Украина.
Блинкен е загрижен што воените вежби продолжуваат, иако требаше да се завршени и смета дека тоа е уште еден знак дека Русија ја подготвува сцената за инвазија, по операциите со „лажно знаме“ оваа недела и акумулацијата на повеќе од 150.000 руски сили долж границата со Украина.
Тој вели дека САД немаат намера да воведат санкции против Русија „до последен момент“, за да не го изгубат ефектот на одвраќање.
„Целта на санкциите е првенствено да ја одвратат Русија од започнување војна. Веднаш штом ќе ги наметнете, овој ефект ќе исчезне. Ние имаме намера да го задржиме овој одвраќачки ефект до последен момент“,
истакна Блинкен за Си-Ен-Ен.