Рубио ги оцени за неприфатливи нападите врз, како што рече, суверената територија на Турција
Соединетите Американски Држави (САД) ѝ даваат целосна поддршка на Турција откако денеска системот за ракетна одбрана на НАТО пресретна балистичка ракета лансирана од Иран упатена кон турскиот воздушен простор. Ова, како што соопштија од Стејт департментот, е заклучокот од денешниот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, во кој се потврдени континуираните билатерални односи меѓу земјите.

му рекол Рубио на Фидан.
„Нападите врз суверената територија на Турција се неприфатливи“,
Турското Министерство за одбрана денеска објави дека системот за ракетна одбрана на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран.
Инаку, ракетата била пресретната пред да влезе во турскиот воздушен простор.
„Балистичка ракета испукана од Иран, која беше откриена како се упатува кон турскиот воздушен простор откако помина низ ирачкиот и сирискиот воздушен простор, беше неутрализирана навреме од воздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во источниот Медитеран“,
објавија оттаму.
Поради тоа, Турција го повика иранскиот амбасадор во земјата на состанок со цел да изрази протест.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека го осудуваат иранското насочување ракети кон Турција.
