Само оваа година повеќе од 450 000 луѓе во САД починале по инфекција на ковид, што е 57 отсто од вкупниот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на епидемијата
Соеднинетите емерикански држави (САД) бележат бројка од 800 000 смртни случаи како последица од ковид-19, од почетокот на епидемијата. Споредбено, бројот на жртви од коронавирусот во САД сега ја надминува бројката на население на сојузната држава Северна Дакота.
Само оваа година повеќе од 450 000 луѓе во САД починале по инфекција на ковид, што е 57 отсто од вкупниот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на епидемијата. И покрај достапноста на вакцината, оваа година беа изгубени повеќе животи отколку во 2020 година поради брзото ширење на делта сојот и одбивањето на милиони Американци да се имунизираат.
Најголем дел од починатите годинава, според здравствените власти, биле невакцинирани, а бројот на починати е зголемен и покрај напредокот во лекувањето на ковид позитивните пациенти.