Синоќа избувна пожар над скопското село Морани во Општина Студеничани, кој подоцна, според информациите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е ставен под контрола
До утрово на територијата на државата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворено, од кои два се активни и ставени под контрола, а 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Сè уште е активен пожарот кај скопското село Виниче, каде што гори нискостеблеста шума, како и на планината Кожуф, каде што е зафатена букова шума.
Под контрола се пожарите во депониите „Дрисла“ и „Острец“ во Делчево.
Синоќа избувна пожар над скопското село Морани во Општина Студеничани, кој подоцна, според информациите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), е ставен под контрола.
Како што рече Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС, овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци.