С Македонија отвора амбасада во Братислава. Со овој потег, како што соопшти МНР, ќе биде официјализирано нашето дипломатско претставување во Словачка. На отворањето ќе присуствува министерот за надворешни работи Бујар Османи со словачкиот колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.
„Двајцата министри ќе имаат можност, покрај билатералните односи, да разменат мислења и за европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите, со одржување на првата меѓувладина конференција“,
соопшти МНР.
