Се испраќаат, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување, и комплетна специјализирана опрема и материјално-технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето, информираат од Владата по денешната седница на која се донесени одлуки за испраќање дополнителна помош во регионите погодени од земјотресот во Турција
Припадници на Армијата на Северна Македонија веќе има во Турција, во регионите погодени од земјотресот, каде што помагаат во спасувачките операции
Владата, на 128. Седница одржана денеска, донесе одлука за испраќање дополнителна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди земјата, а однесе голем број жртви и предизвика сериозна материјална штета и во соседна Сирија.

Како што соопштија од владината прес-служба попладнево, на предлог на Министерството за одбрана, донесена е одлука за испраќање нови 36 припадници на Армијата на Република Северна Македонија, односно на Баталјонот за специјални операции, кои ќе учествуваат во хуманитарната операција во Турција.
Покрај тоа, на владината седница е одлучено како помош за санирање на последиците од земјотресот да бидат испратени нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.
„Се испраќаат, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување, и комплетна специјализирана опрема и материјално-технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето“,
се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Инаку, припадници на Армијата на Северна Македонија веќе има во Турција, во регионите погодени од земјотресот, каде што помагаат во спасувачките операции.
Како што објавија од Министерството за одбрана, станува збор за 22 припадници на Баталјонот за специјални сили, во чиј тим се и две кучиња обучени за трагање, како и двајца водачи.
Од Армијата објавија и фотографии на кои се гледа како тие копаат по урнатините во Турција и го расчистуваат теренот за да се пронајдат затрупани лица под урнатите згради.