Руте посочи дека за време на Студената војна членките на НАТО трошеле повеќе од три отсто од својот БДП за одбраната и утврди дека идните трошоци ќе мора да бидат многу повисоки од сегашните два отсто што ги пропишува Северноатлантскиот договор за своите членки
Русија се подготвува за долгорочна конфронтација. Не сме подготвени за она што доаѓа за четири до пет години од сега, предупреди денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте, додавајќи дека е време членките на Алијансата да се префрлат на воен начин на размислување.
Руте посочи дека за време на Студената војна членките на НАТО трошеле повеќе од три отсто од својот БДП за одбраната и утврди дека идните трошоци ќе мора да бидат многу повисоки од сегашните два отсто што ги пропишува Северноатлантскиот договор за своите членки.
„Русија се подготвува за долгорочна конфронтација, со Украина и со нас. Не сме подготвени за она што доаѓа за четири до пет години од сега. Време е да се префрлиме на воен начин на размислување и драстично да го зголемиме нашето одбранбено производство и трошоците за одбрана“,
рече Руте за време на говорот во Брисел.
Тој, исто така, рече дека НАТО мора да биде јасен за амбициите на Кина и предупреди дека Пекинг значително ги зголемува своите сили и го малтретира Тајван.
Руте, на крајот од говорот, рече дека во моментов безбедносната ситуација е најлошата во неговиот живот.