„Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста“, порача министерот за обрана Владо Мијсаловски на Фејсбук по пристигнувањето на генсекот на НАТО во земјава
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, попладнево пристигна во својата прва официјална посета на земјава.

На скопскиот аеродром го пречека министерот за одбрана Владо Мисајловски.
„Чест ми е да му посакам добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста“,
напиша Мисајловски во објава на Фејсбук.
Од скопскиот аеродром, Руте заедно со својата делегација се упати кон Вилата „Водно“, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. По средбата ќе одржат заедничка прес-конференција.
Подоцна во текот на денот генсекот на НАТО ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со собранискиот претседател Африм Гаши, а ќе се обрати и пред пратениците во парламентот.
