Тој го отфрли директното учество на НАТО во воени дејствија
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги повика европските сојузници да ги поддржат САД и Израел бидејќи, како што рече, тоа е и во интерес на Европа.

„Акцијата против Иран е одлучувачка и за безбедноста во Европа. Тоа значи дека мора да помогнеме секаде каде што е можно“,
изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД.
Сепак, тој го отфрли директното учество на НАТО во воени дејствија.
„Зборуваме за Иран, за земјите од Заливот кои се далеку од зоната на НАТО“,
рече Руте.
Тој објасни како сојузниците можат да им помогнат на САД и Израел преку логистика и пристап до сопствените ресурси.
„Можеме да помогнеме дури и без директно учество во воени дејствија“,
рече Руте.
Тој, како што додаде, директно го поддржува германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во претходна изјава исто така се заложи за индиректна поддршка за САД и Израел.
Генералниот секретар на НАТО рече дека Иран со години е реална закана за Европа, вклучително и за Германија.
„Доколку Иран успееше да добие нуклеарно оружје, тоа би претставувало закана за Израел и потенцијално за пораз на Израел“,
рече Руте.
