Украинската страна најавува дека ќе опстои на своите барања, додека руската вели дека двете страни се доближуваат до разбирање за секундарните прашања
Украина денеска соопшти дека преговорите со Русија се „многу тешки“ и вети дека нема да отстапи од барањата.
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека „процесот на преговори е многу тежок“.
„Украинската делегација зазеде цврст став и не отстапува од своите барања. Ние инсистираме, пред сè, на прекин на огнот, безбедносни гаранции и територијален интегритет на Украина“,
истакна Кулеба.
И руската страна страна призна дека има мал напредок за главните политички прашања за кои се преговара, но тие ќе продолжат.
Според членот на рускиот преговарачки тим Владимир Медински двете страни сепак се доближуваат до разбирање за секундарните прашања.
„Преговорите се водеа цела недела, од понеделник до петок, во формат на видео-конференција, а ќе продолжат и утре“,
рече тој.