Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм соопшти дека 27 беспилотни летала биле соборени додека се движеле кон рускиот главен град. Подоцна, тој број се зголемил на 33
Руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретна и уништи повеќе од 100 украински беспилотни летала, со правец на движење кон Москва, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува Ројтерс.
Министерството преку апликацијата за пораки Телеграм соопшти дека акцијата траела околу три часа, а се соборени над 100 дрона. Од нив, 59 се соборени над регионот Брјанск на границата со Украина, додека останатите се пресретнати во пет различни региони.

Гувернерот на регионот Брјанск соопшти дека во нападите дека нема жртви, но се оштетени куќи и автомобили. Во регионот Смоленск, близу полската граница, регионалниот гувернер се соборени 11 дронови, исто така без жртви.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм соопшти дека 27 беспилотни летала биле соборени додека се движеле кон рускиот главен град. Подоцна, тој број се зголемил на 33.
„Единиците за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските дронови“,
рече тој.
Русија и Украина извршија голем број напади со дронови во текот на минатата недела.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека над 900 дронови изминатите денови биле лансирани кон украински цели.
Според украинските сили, во нападите што се случија изминатиот викенд загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и три деца во регионот Житомир, западно од Киев.