Неговата портпаролка Кира Јармиш изјавила дека тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е во критична состојба и се наоѓа во болница Омск поради труење. Неговата портпаролка Кира Јармиш изјавила дека тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, објави Би-би-си.
Јармиш на Твитер објави дека за време на летот од Томск кон Москва, на Навални му се слошило и авионот морал под итно да слета во Омск.
Таа наведува дека Навални е отруен, односно дека во авионот нешто му било ставено во чајот, а болницата каде што бил примен потврди дека станува збор за труење.
Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч“ и „кршење на уставот“. Реформите на Путин му овозможија да добние уште два мандата.