Новинарот од „Новаја газета“ бара од аукциските куќи да одговорат и да ја стават на аукција оваа светски позната награда
Рускиот новинар Дмитриј Муратов денеска најави дека ќе го донира медалот на Нобеловата награда за мир, што ја доби минатата година, за да биде продаден на аукција за собирање средства за помош на украинските бегалци.
Весникот „Новаја газета“, каде што Муратов е главен уредник, на почетокот на март објави дека ќе го отстрани материјалот за воените дејствија на Русија во Украина од својата веб-страница поради цензура, како одговор на заканите за кривично гонење на новинарите и граѓаните кои отстапуваат од официјалната линија на владата.
„’Новаја газета’ и јас одлучивме да го донираме медалот за Нобеловата награда за мир за 2021 година на украинскиот фонд за бегалци. Веќе има над 10 милиони бегалци, барам од аукциските куќи да одговорат и да ја стават на аукција оваа светски позната награда.“,
се вели во написот објавен со името на Муратов.
Муратов, кој ја доби наградата заедно со Марија Реса од Филипини, коосновач на информативната страница Раплер, ја посвети својата Нобелова награда минатата година на шестмина од новинарите на весникот кои беа убиени поради нивната работа.
Тој рече дека својот дел од парите ќе го подари во добротворни цели, меѓу другото, за независните медиуми, дом за изнемоштени во Москва и деца со спинални проблеми.
