Ветувањето на Русија за намалување на воените активности кај Киев и на север во Украина не значи и прекин на огнот, а се уште не се гледа крајот на преговорите со Украина, изјавил членот на руската мировна делегација Владимир Медински, пренесува Тасс.
Руските преговорачи најавија намалување на воените активности околу Киев и Чернихив, со што е направен досега најголем чекор кон постигнување на мировен договор.
„Ова не е прекин на огнот. Сакаме постепено да го деескалираме конфликтот барем на овие два фронта“,
изјавил Медински.
Тој додал и дека Русија направила втор голем чекор кон смирување на воениот конфликт со тоа што ја прифатила можноста за состанок на двајцата претседатели на завојуваните земји во исто време кога ќе се постигне мировен договор.
„Но, нема толку наскоро да постигнеме договор кој ќе им одговара на двете страни“,
додал Медински.