Руски нуркачи денеска од морето го испитуваат мостот на Крим, клучна инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море, кој беше оштетен во голема експлозија во саботата наутро, пренесе Ројтерс. Вицепремиерот Марат Куснулин изјавил дека првите резултати од подводното тестирање се очекуваат во текот на денот.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди истрага веднаш по експлозијата на мостот , а во текот на денот потпиша и указ за засилени мерки. Првичните информации на руските власти констатираа дека експлодирал камион-бомба , а според досега официјалните податоци регистрирани се три жртви.
Сообраќајот на мостот неколку часа по експлозијата беше во прекин, но попладнето делумно се нормализираше.
За експлозијата на мостот повеќе руски функционери вчера ја обвинија Украина дека извршила терористички акти но Украина не ја презеде одговорноста.
Иако , советникот на украинскиот претседател Зеленски, првично порача дека случувањата со мостот на Крим се само почеток, подоцна во текот на вчерашниот ден, Подољак на Твитер напиша дека виновни за експлозијата се руските моќници.