Црквата упати апел до сите верници да се вакцинираат, откако во Русија се регистрирани 24 000 нови случаи, од кои речиси 6 600 во Москва
Руската православна црква се вклучи во кампањата за вакцинација против ковид, со тоа што оние кои одбиваат да се вакцинираат ги нарече грешници, кои се осудени да се искупат за гревовите до крајот на животот.
Црквата упати апел до сите верници да се вакцинираат, откако во Русија се регистрирани 24 000 нови случаи, од кои речиси 6 600 во Москва.
Од почетокот на пандемијата, повеќе од 5,6 милиони луѓе се заразени во Русија, додека вирусот, според официјалните податоци, однесе речиси 139 000 животи.
Митрополитот Иларион од Московската патријаршија изјави дека луѓето кои одбиваат вакцинација прават грев, пренесе Ројтерс.
„Секој ден, гледам луѓе кои ги посетуваат свештениците да признаат дека одбиле да бидат вакцинирани, што, не знаејќи, предизвикало нечија смрт. Грев е да се размислува само за себе, а не за другите“,
рече тој.