Од друга страна, пак, Обединетите нации претходно веќе усвоија резолуција за осуда на Русија. Таа беше изгласана на Генералното собрание на ОН со 141 глас „за“. „Против“ беа пет држави, а 35 „воздржани“

Руската резолуција за помош на населението во Украина не помина во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Од 15 земји-членки на овој Совет „за“ гласаа само Русија и Кина, додека останатите 13 беа „воздржани“.
Во резолуцијата подготвена од Русија, се бараше пристап до помош за цивилите во Украина, но не се споменуваше улогата на Москва во војната.
Ваквиот исход беше очекуван со оглед дека во нацрт-резолуцијата воопшто не се споменуваше одговорноста на Русија и во неа не се признаваше руската инвазија на соседната земја, ниту пак, се повикуваше на прекин на борбите и повлекување на руските трупи.
Од друга страна, пак, Обединетите нации претходно веќе усвоија резолуција за осуда на Русија. Таа беше изгласана на Генералното собрание на ОН на 2 март. „За“ гласаа 141 земја, меѓу кои и Северна Македонија, „против“ беа пет држави, а 35 „воздржани“.
Петте држави кои гласаа „против“ беа: Русија, Белорусија, Северна Кореа, Еритреа и Сирија, а на листата „воздржани“ беа Кина, Ерменија, Куба, Индија, Иран, Ирак…
