Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека се заземени градот Петривск во Донецката област и Тиху и Отрадну во Днепарската област
Руската армија соопшти дека освоила три града во источна Украина, додека во Женева се одржува средба помеѓу високите претставници на САД и на Украина, на која присуствуваат и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија, за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека се заземени градот Петривск во Донецката област и Тиху и Отрадну во Днепарската област.
Мировниот план за Украина на Трамп содржи 28 точки. Украина изрази загриженост бидејќи планот вклучува неколку клучни руски барања: Украина да се откаже од дел од својата територија, да ја намали својата армија и да се откаже од членството во НАТО. Русија би ги задржала Доњецк, Луганск и Крим, но би морала да се откаже од другите освоени територии.
Предвидено е Украина да добие западни безбедносни гаранции за да спречи понатамошни руски напади.
Планот, исто така, предвидува огромен глобален пакет мерки за да ѝ се помогне на Украина веднаш да почне со обнова на уништената земја, вклучително и формирање на Украински фонд за развој, кој би инвестирал во брзорастечките индустрии, технологијата, центрите за податоци и во вештачката интелигенција.
Претходно Зеленски, коментирајќи го мировниот план, предупреди дека Украина или ќе го изгуби достоинството или ќе ризикува да изгуби голем партнер.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва, доколку Киев го одбие планот, ќе ги продолжи нападите врз Украина.
