Кремељ моќта за воведување нови рестрикции ја препушти на регионалните власти

Во последните 24 часа во Русија починаа 973 лица како последица на ковид-19, најмногу во едно деноноќие од почетокот на пандемијата, соопшти рускиот кризен штаб.
Регистрирани се и 28 190 случаи на новозаразени.
Во Русија бројот на нови случаи и новозаразени постојано расте поради ниската стапка на вакцинација, но од друга страна власта не навестува никакво заострување на мерките или карантин. Кремељ моќта да носат одлуки во таа насока ја препушти на регионалните власти.
Порастот на новозаразени во Русија го зголеми и притисокот врз болниците кои бргу се полнат. Зборувајќи за состојбата во болниците, министерот за здравство, Михаил Мурашко, денеска изјави дека 11 отсто од 235 000 хоспитализирани пациенти со ковид-19 се во сериозна или критична состојба.
